Канадски политичар повторно гол пред камерите: Унирираше за време на седница на парламентот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Канадскиот политичар и пратеник Вилијам Амос беше снимен на камера како уринира за време на виртуелна седница на парламентот.

Loading...

По инцидентот се извини преку Твитер.

„Уринирав без да сфатам дека сум пред камера. Навистина се срамам од своите постапки и непријатностите што ги предизвикав на сите што можеа да го видат тоа”, напиша тој во изјавата што ја сподели на Твитер.

„Иако инцидентот не е видлив за јавноста, ова беше целосно неприфатливо и се извинувам“, додаде тој.

 

 

Ова е втор пат за еден месец и половина Вилијам Амос да биде фатен гол пред камерите.

Loading...

Канаѓанецот се појави целосно гол на состанокот на Долниот дом на канадскиот парламент одржан преку Зум во средината на април.

 

 

Снимката на видео повикот стана вирална на интернет.

„Денес направив грешка поради која ми е многу непријатно. Камерата случајно остана вклучена додека се пресоблекував во работна облека откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на колегите. Тоа беше случајна грешка што нема да се повтори”, напиша тој на Твитер по првиот инцидент.

 

Канадски пратеник како од мајка роден се појави на видео состанок на парламентот (ФОТО)

Loading...

Leave a Reply