Канада: Три лица тешко повредени во пукање во трговски центар

Сподели со своите пријатели

Три лица се тешко повредени во пукање во трговски центар во Едмонтон, главниот град на канадската провинција Алберта, соопшти денеска локалната полиција.

Loading...

Жртвите се однесени во болница, а трговскиот центар Западен Едмонтон моментално е затворен.

Деталите за пукањето и мотивот се уште не се познати, пренесува АП.

На веб-страницата на трговскиот центар Вест Едмонтон стои дека има повеќе од 800 продавници, а годишно го посетуваат околу 30,8 милиони луѓе.