Три лица се тешко повредени во пукање во трговски центар во Едмонтон, главниот град на канадската провинција Алберта, соопшти денеска локалната полиција.
Loading...
Жртвите се однесени во болница, а трговскиот центар Западен Едмонтон моментално е затворен.
Деталите за пукањето и мотивот се уште не се познати, пренесува АП.
На веб-страницата на трговскиот центар Вест Едмонтон стои дека има повеќе од 800 продавници, а годишно го посетуваат околу 30,8 милиони луѓе.