Канада: Пожарникарите го запреа ширењето на пожарот, предвидениот дожд влева надеж

Сподели со своите пријатели

Канадските пожарникари спречија пожарот да уништи неколку згради во провинцијата Британска Колумбија и ги зголемија напорите за одбрана на главниот град Викторија, соопштија локалните власти, истакнувајќи дека се надеваат дека предвидениот дожд ќе помогне да се локализира пожарот.

Loading...

Шефот на противпожарната служба Џејсон Бролунд рече дека противпожарните екипи напредуваат во областа Западна Келоун, која е позната како дестинација за летен семеен одмор.

Тој потврди дека во претходните 24 часа немало нови уништувања на приватен имот и истакна дека сега најголем предизвик е лошиот квалитет на воздухот во покраината бидејќи, како што рече, луѓето се гушат.

Министерот за шумарство на Британска Колумбија, Брус Ралстон, рече дека прогнозата нема да ја донесе количината на дожд што е навистина потребна, но дождот што паѓа може да им овозможи на „пожарникарите да продолжат напред“.

„Последните неколку дена беа најтешките шумски пожари во историјата на Британска Колумбија“, рече Ралстон.

Годинава во Канада се забележани рекорден број шумски пожари, поради кои десетици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, пренесува Танјуг.