Канада и нуди помош на Европа за нафта и гас

Сподели со своите пријатели

Канада би можела да пласира повеќе нафта, гас и ураниум на пазарот за да помогне во справувањето со глобалната енергетска криза и да ги спречи скоковите на цените, рече министерот Џонатан Вилкинсон.

Loading...

Цените на енергијата драстично се зголемија поради санкциите што Западот ги воведе кон Русија по нејзината инвазија на Украина, вклучително и американското ембарго за руската нафта, намалувањето на европските испораки на гас за Русија и исклучувањето на Русија од платниот систем SWIFT.

 

Сè потешко се наоѓа храна во Украина

 

Многу земји, вклучително и Канада, се подготвени да помогнат колку што можат за замена на руската нафта и гас, изјави во неделата за Би-Би-Си канадскиот министер за природни ресурси.

Четвртиот по големина производител на нафта во светот вети дека ќе го зголеми извозот на нафта за 200.000 барели, а министерот Вилкинсон за Би-Би-Си најави дополнителни 100.000 барели природен гас.

Со тоа соопштение, Канада одговори на барањата на сојузниците на состанокот на министрите за енергетика во Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во Париз, кој најави и забрзана транзиција кон чисти извори на енергија.

Loading...

 

Зеленски: Суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина не се предмет на преговори

 

„Очекуваме да достигнеме 300.000 барели до крајот на годината“, рече Вилкинсон.

ИЕА проценува дека санкциите против Русија ќе исфрлат три милиони барели дневно од пазарот до крајот на месецот.

„Подготвени сме да направиме се што е во наша моќ“

Канадскиот извоз е ограничен од капацитетот на цевководите, кои во моментов се целосно искористени, но Вилкинсон вели дека можно решение би било испраќање енергија преку Соединетите држави.

„Подготвени сме да сториме сè што е во наша моќ за да ја зајакнеме енергетската безбедност и на Северна Америка и на Европа“, рече најголемата канадска компанија за управување со гасоводи Енбриџ.

Loading...

 

Зеленски: Макрон се плаши од Русија

 

Поголемите залихи од Канада само во ограничен обем ќе ги подобрат испораките бидејќи канадските енергетски извори најверојатно ќе останат на северноамериканскиот пазар, рече Луиз Диксон, аналитичар во консултантската фирма Ристад енерџи.

„Главните арени на енергетската криза се Европа, поради недоволното снабдување, и Азија, каде побарувачката е на работ на закрепнување доколку заклучувањето поради (проширувањето) на Ковид-19 не започне“, додаде Диксон.

Канадскиот министер во интервју за Би-Би-Си посочи и дека нуклеарната енергија во многу земји може да го реши проблемот со нестабилното снабдување со електрична енергија од ветерниците и фотоволтаичните системи.

 

Русија: Во светот има повеќе од 300 американски биолаборатории

Loading...

 

Извоз на повеќе ураниум

Според него, Канада е подготвена да извезе повеќе ураниум.

„Нашите производители на ураниум имаат вишок производствен капацитет и дефинитивно би можеле да го зголемиме производството за да го надоместиме недостигот што ќе предизвика недостиг на снабдување од Русија“, рече Вилкинсон.

Русија игра клучна улога во глобалната индустрија за производство на електрична енергија од нуклеарна енергија бидејќи произведува ураниум и го преработува за да биде подготвен за употреба во нуклеарните централи, забележува Би-Би-Си.