Канада, Австралија и Нов Зеланд го предупредуваат Израел дека офанзивата во Рафах би била катастрофална

Сподели со своите пријатели

Канада, Австралија и Нов Зеланд го предупредија Израел дека копнената офанзива во пограничниот град Рафах би била катастрофална.

Loading...

„Сериозно сме загрижени поради сугестијата дека Израел планира копнена офанзива во Рафах. Воена операција во Рафах би била катастрофална“, предупредија во заедничката изјава премиерите на трите земји.

Тие процениле дека поради 1,5 милиони Палестинци кои се засолниле во таа област, каде што веќе е тешка хуманитарната ситуација, последиците од голема воена операција би биле катастрофални.

„Меѓународниот „консензус“ расте. Израел мора да ги слуша своите пријатели и мора да ја слуша меѓународната заедница“, се додава во соопштението, во кое се заклучува дека е потребен итен хуманитарен прекин на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ја нападна и Сирија