Канабис туризмот во Амстердам заминува во историја

Сподели со своите пријатели

Во обид да се подобри имиџот на градот, градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема сака да ја ограничи клучната туристичка атракција, кафулињата каде се продава и консумира марихуана.

Loading...

Само холандските жители ќе имаат право да влегуваат во кафулиња кои продаваат марихуана, на предлог на градоначалничката Фемка Халсема.

 

 

Планот, поддржан од локалната полиција и обвинители, има за цел да го ограничи протокот на тешки дроги и организираниот криминал поврзани со трговијата со марихуана.

„Пазарот на канабис е преголем и врие во последниве години, побарувачката за канабис во Амстердам е зголемена, како и бројот на „канабис туристите“ кои доаѓаат во градот единствено да консумираат дрога. Тие канабис туристи се извор за неволји во центарот на градот, а Амстердам е меѓународен град и им посакуваме добредојде на туристите. Ние би сакале туристите да доаѓаат поради богатството на градот, неговите убавини, неговите културни институции“, изјави за холандската државна телевизија градоначалникот Фемке Хаселма.

 

Loading...

 

Иницијативата е последниот потег на Амстердам за активно намалување на приливот на посетители и подобрување на квалитетот на животот на жителите.

Туристите го опседнуваат градот откако поевтините летови го направија неговиот историски центар популарна дестинација за викендот.

Пред да биде заклучен поради коронавирусот, неговата позната област со црвени светла, продавници за марихуана и живописни канали привлекуваше повеќе од милион посетители месечно – повеќе отколку што градот има жители.

Leave a Reply