Камион во движење усмрти дете во кумановското село Сопот

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 17.45 часот на локалниот пат во с.Сопот  се случила сообраќајна незгода во која еден пешак загинал и уште еден се здобил со телесни повреди.

Loading...

Имено, С.Џ. (46) од с.Арачиново – Скопје, паркирал ТМВ„Мерцедес“ поради утовар на роба и излегол. Во еден момент возилото само се придвижило и со предниот дел удрило во пешаците Х.С. (35) и деветгодишно машко лице, двајцата од с.Сопот.

По незгодата, пешаците биле пренесени во МЦ-Куманово, каде од страна на доктор кај деветгодишното лице е констатирана смрт, додека пешакот Х.С. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.