Камион удрил во безбедносните бариери во близина на Белата куќа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возачот на камионот кој синоќа удри во заштитната ограда на плоштадот Лафајет до Белата куќа е уапсен, соопшти портпаролот на американската тајна служба.

Loading...

– Нема повредени меѓу членовите на тајната служба и вработените во Белата куќа, а причината и начинот на судирот сѐ уште се истражуваат – напиша на Твитер портпаролот на тајната служба, Ентони Гуглиелми.

Затворени се неколку улици и пешачки патеки, соопшти Тајната служба.

Според телевизијата Фокс 5, евакуиран е блискиот хотел Хеј Адамс.

Телевизијата WUSA прикажа снимка од камионот како се крева на оградата и униформираните полицајци се приближуваат до возилото.

Возачот двапати удрил во оградата, објави WUSA, повикувајќи се на изјави на сведоци.

 

Loading...