Камион удри во надвозник на патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Камион со црногорски регистарски таблички управуван од државјанин на Република Србија, А.С. роден 1969 година попладнево удри во надвозник на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во сообраќајната незгода нема повредени лица. Камионот марка „Волво“ се движел од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата Карпош удрило во надвозникот при што приколката се одвоила од камионот.

Од 17 до 19 часот магистралниот пат беше блокиран во двата правци поради увидот кој го правеа екипите на СВР Куманово, информираат од АМСМ.

Ова е трета сообраќајна несреќа за два дена на истиот магистрален пат.