Полуостровот Камчатка повторно беше погоден од земјотрес – овој пат со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, објави Одделот Камчатка на Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науките.
Loading...
Според нивните изјави, земјотресот се случил утрово околу 7 часот по средноевропско време, а епицентарот бил на 342 километри од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 82,3 километри.
Ова е уште еден во низата земјотреси што го погодија регионот откако на 31 јули се случи разорен земјотрес со јачина од 8,8 степени, најсилниот во областа од 1952 година.
Тој земјотрес предизвика и цунами, но за среќа, немаше жртви – неколку луѓе претрпеа полесни повреди.