Камчатка ја стресе земјотрес од 7,1 степени! Можно е и цунами! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка во саботата, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки-GFZ.

Земјотресот бил на длабочина од 10 км, соопшти GFZ.

Американскиот геолошки завод-USGS ја процени јачината на 7,4 степени, со длабочина од 39,5 км.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите брутално ја нападнаа Украина. Има мртви, струјата е прекината

Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од можно цунами од земјотресот.

Во Јапонија, југозападно од полуостровот Камчатка, не е издадено предупредување за цунами, објави телевизиската станица NHK, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.