КАЛУЃЕРКИ ГО ВООДУШЕВИЈА СВЕТОТ: Заиграа и станаа хит на интернет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Калуѓерките во јужниот италијански регион Пуља сакаат да танцуваат и пеат, исто како оние во филмот „Sister Act“ од 1992 година со Вупи Голдберг.

Loading...

Тие се бразилски калуѓерки кои живеат во Пуља и припаѓаат на Конгрегацијата на распнатиот Исус францискански мисионери.

Бидејќи овие калуѓерки не можеле да учествуваат на верскиот конгрес во Бразил каде што ќе зборуваат за нивните искуства во Италија, тие испратиле видео снимено на локацијата Гравина во Пуља, каде што раководат со училиште за деца врз основа на методот Монтесори.

Откако на социјалните мрежи се појави видео како танцуваат и пеат, тие беа гости на италијанските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

Тие зборуваа за тоа дека музиката во заднина им била испратена од Бразил, а кореографијата сами ја смислиле.

– Почнавме со играње во Литургиско оро, секакви игри, салса, румба и ча-ча-ча. Не ни сонувавме дека нашата игра ќе стигне до медиумите. Тоа беше нашата едноставна кореографија. Нашата песна е благодарност и љубов кон природата и Бога – рече монахињата Мариангела, со насмевка додавајќи дека владиката монсињор Русо, кој е таму само три месеци, ги прашал дали полуделе?

Италијанскиот „Sister act“ продолжува да ја забавува публиката ширум светот со своите весели видеа.

 

Loading...