Калуѓерка украла и прокоцкала милион долари: Не е фер свештениците да се платени повеќе од нас

Сподели со своите пријатели

Калуѓерката Мери Маргарет Кројпер (80) од Лос Анџелес, оваа недела беше осудена на една година затвор за проневера на училишни пари, објави NY Post.

Loading...

Оваа постара дама меѓу 2008 и 2018 година „извадила“ околу 900.000 долари од католичкото училиште во кое работела како директорка, кои потоа ги трошела како што сакала.

А најмногу од сè, според сите сметки, таа сакала да се коцка.

Откриено е дека често го посетувала Лас Вегас, но и други помалку познати дестинации за коцкање.

– Немам оправдување за моите постапки. Згрешив и го прекршив законот – изјави таа на суд.

Обвинителот Пунам Кумар на јавноста ѝ откри детали од случајот.

 

Loading...

 

– Кога беше фатена, првото нешто што ни кажа е дека го направила тоа бидејќи смета дека не е фер свештениците да се подобро платени од калуѓерките. Иако годишната школарина е 6.000 долари, г-ѓа Кројпер често барала донации од родителите за подобрување на училиштето. Но, овие средства никогаш не биле искористени за подобрување на училиштето – тврди обвинителот и веднаш продолжува:

– Родителите го избраа ова училиште за своите деца поради католичките вредности и сега се чувствуваат измамени. Некои родители ми кажаа дека овој случај им ги однел децата од црквата и од Бога – изјави Кумар.

Меѓутоа, имало и родители кои барале на Марија да ѝ се прости сѐ.

– Една жена работи во образовниот систем 58 години. Таа е директорка на ова училиште во последните 28 години. Не велиме дека е добро тоа што го направила, но бараме судот да има предвид се што направила за заедницата во последните децении – стои во дописот што неколку родители го потпишале и го испратиле до судот.

Иако обвинителството бараше две години затвор, судот сепак одлучи да ја „преполови“ казната.

Сестра Кројпер мора да се јави на отслужување на казната на почетокот на јули.