Калиопи вечерва настапува на Евровизија (видео)

Сподели со своите пријатели

Калиопи со песната „Дона“ вечерва ќе ја претстави Македонија на 61-то издание на Евросонг кое оваа година се одржува во Стоклхолм, Шведска.

Калиопи ќе настапи осма по ред, а ова е нејзино второ ојавување на оваа манифестација, откако во 2012 година не претставуваше со песната „Црно и бело“.

Прогнозите за овогодинешната песна според обложувалниците не се баш најдобри, па ќе видиме дали Македонија ќе го види финалето или по кој знае кој пат дома ќе се врати уште по првиот настап.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.