„Калигула“ во понеделник премиерно во Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово во понеделник од 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Калигула“,по текст на Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Loading...

Како што изјави денеска на прес конференција режисерот Ризески, ова е вистинско време за овој текст.

– Имаме големи амбиции, ова претстава да остане долго на репертоарот на кумановскиот театар и да гостува насекаде. Горди сме на оваа претстава и сакаме што повеќе луѓе да ја погледнат. Претставата се игра на голема сцена со огромна сценографија и алтернативен начин на создавање кој допринесува луѓето да ја погледнат од еден невообичаен агол, вели Ризески.

 

 

Актерот Марко Трајковиќ ја игра главната улога во претставата, вели дека лигот на Калигула му е животна желба.

– Тремата е голем, стравот, имаме гости кои ни доаѓаат од страна, селектори од фестивали, режисери, актери, танчери и се разбира отворена е претставата да ја погледне и пошироката публика. Убаво е што ја направивме претставата за ограничен број посетители, 50 луѓе ќе може да ја погледнат на секоја изведба, така ќе може да опстане на репертоарот долго време и едвај чекаме да ги видиме првите реакции, бидејќи ние што сме внатре, нашата перцепција е малку заматена, вели Трајковиќ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косовец приведен на влезот на Куманово, пренесувал брендирана облека без документација

 

 

Ева Пауновиќ и Јована Таневска, танчерки од „Фјужн“ за прв пат ќе се најдат во театарска улога.

– Не би сакала да откривам повеќе детали, многу сме задоволни. Прв пат вака работиме, ова ни е прво театарско искуство, па ако актерите имаат трема, лично за мене немам коментар, вели Пауновиќ.

 

 

Loading...

Таневска вели дека со години танцуваат, но ова е прв пат да бидат дел од театарска претстава во која има танц.

– Најинтересно од се е овој процес, колку е различно да си танчер, а колку е различно да си актер и кога ќе се спојат овие два света, има прекрасен резултат кој едвај чекаме да го видите, изјави Таневска.

 

 

Сценографот Мартин Манев вели дека пред 15-тина години започнал како театарски работник токму во кумановскиот театар и работата на оваа претстава му е голем предизвик и задоволство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово донираше реквизити за училиштата

– Претставата беше полна и трогателна и тешка и работата веќе беше тука, ова само додаде, им олесни на сите да има за што да се фатат, да го направи тој контекст и слика, само ми е драго да сум дел од овој проект и се надевам дека претставата ќе живее, изјави Манев.

 

Loading...

 

Актерот Жарко Јовановиќ вели дека откако е во Театар Куманово постојано игра комедии, па овој посериозен жанр ќе му биде освежување.

– Го одиграв како што го одиграв, ликот не е многу истакнат во претставата што се однесува до неговите говорни дејствија. Најлесно текстот сум го научил до сега, уште на втора читачка проба го знаев, она што е важно е дека научив да живеам во тишината со внатрешни монолози и тој лик пробав да го одиграм доследно од почеток до крај, вели тој.

 

Loading...

 

Драматургот Сашо Костовски вели дека дваестина луѓе се опфатени во процесот, со дополнителен број соработници од страна.

– Скоро не постои човек кој ќе ја гледа претставата да нема некои предзнаења за Калигула, ова е можеби најпопуларен римски император и со тие предзнаења доаѓаат да погледнат нешто. Ние во претставата сакавме да ја покажеме и приказната на Калигула, не само за луѓето што ја забележале неговата историја, па меѓу останатото нашата претстава е претстава и за љубовта, вели Костовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени мештани на Габреш и Градиште поради физички напад

 

Loading...

 

Во претставата играат актери од ансамблот на Театар Куманово и вон него: Марко Трајковиќ, Илин Јовановски (к.г.),  Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Величковиќ, Никола Милошевски (к.г.), Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Луна Маријановиќ (к.г.), Теодор Јакимовски (к.г.), како и гости-танчери: Ева Пауновиќ и Јована Таневска.

Останатиот дел од екипата го сочинуваат: Ванеса Тримчевска – асистент на режија, Сашо Костовски – драматург, Симона Тоскиќ – продуцент, Мартин Манев – сценограф, Кети Пауновска Стевковска – костимограф, Алмир Бајрамоски – композитор, Сања Русеска – кореограф, Гордан Крстиќ – акробатика, Емил Пачковски – дизајн, фотографија и видео (и режија на документарен филм „Калигула“), Мишо Димитријевски – асистент на дизајн фотографија и видео, како и техничкиот дел на Театар Куманово.

Никола Ивановски