Калифорнија ја активираше програмата за „масовни загуби“

Сподели со своите пријатели

Калифорнија синоќа ја активираше програмата за помош при „масовни загуби“, која вклучува набавка на 5.000 пластични вреќи за човечки тела и десетици фрижидери за складирање. 

Loading...

Во време кога во државата, како и во целата земја, започнаа првите имунизации од коронавирус, Калифорнија е погодена од бран на Ковид-19 случаи и фаталитети.  

Петти ден по ред овде се регистрираат повеќе од 30.000 случаи на заразеност, додека дневниот просек на смртност на 14 декември достигна 163 лица, речиси четирипати повеќе споредено со пред еден месец. 

Гувернерот Гавин Њусам на брифинг синоќа изјави дека активирањето на оваа програма е директен одговор на напливот од нови случаи на Ковид-19 и многу починати. Преку неа се координираат заемни активности на државни и локални агенции за помош во време на криза. 

Фрижидерите за складирање, секој долг 15 метри, се распоредени низ државата во случај да затребаат, бидејќи некои мртовечниците се веќе преполнети.  

Од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи во Калифорнија достигна речиси 22.000. На ниво на САД, бројката веќе ја надмина границата од 300.000 починати. САД се една од најнастраданите земји од глоблната пандемија во 2020 година, со најголем број на заразеност и смртни случаи во светот.  

Во понеделникот во Калифорнија, како и во целата земја, започнаа првите имунизации од коронавирус со вакцината на „Фајзер“, одобрена од Администрацијата за храна и лекови (ФДА), која в петок се очекува да одобри втора вакцина против Ковид-19, разработена од биотехнолошката компанија „Модерна“.

Борис Камчев, САД

Loading...

Leave a Reply