„Калчо Меркато“: Милан не се откажал од Конте

Сподели со своите пријатели

Милан може да конкурира за потписот за Антонио Конте, откако сака да го привлече за нов тренер во текот на летото, пренесе „Калчо Меркато“.

Претставниците на „росонерите“ се во контакт со менаџерот на Челзи од ноември. Може да се постигне договор со Конте, ако тој одлучи да го напушти Лондон.

Милан ја започна сезоната со Винченцо Монтела на чело, но по серијата неуспешни натпревари тој беше отпуштен. Привремениот тренер Џенаро Гатузо го одведе Милан до девет победи во 16 натпревари.

Првите сериозни гласини за контактите меѓу Милан и Конте се појавија минатиот месец./МИА

Leave a Reply