Какво време носи стартот на новата работна недела?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени.

Потоа во наредните денови повторно ќе биде стабилно и многу топло.

Image by stokpic from Pixabay

Leave a Reply