Какво време носи претпоследниот ден од годината?

Сподели со своите пријатели

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од -8 до 1, а максималните од 1 до 7 степени, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне само 1 степен над нулата.

Според УХРМ претстои сончево време со мала облачност, по одделни котлини и со слаба утринска магла.

Ноќните часови утре ќе донесат повеќе облаци,ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од минус 10 до 3 степени, а максималните дневни од 0 до 8 степени.

Leave a Reply