Какво време носи претпоследната недела од годинава?

Сподели со своите пријатели

Облачно со врнежи од дожд и северен ветер ќе биде времето во текот на денешниот ден.

Loading...

Како што информираат метеоролозите минималните температури ќе се движат од 1 до 9, а максималните од 3 до 15 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.

Во наредните денови според синоптичарите ќе следува период на облачно и постудено време со северен ветер и со услови за локален дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на североистокот на земјата снег се очекува само на повисоките места.

До крајот на годината не се очекуваат значителни промени, според временската прогноза на Accuweather. Снег оваа година ќе немаме, а почетокот на Новата година ќе донесе само пониски температури.

Leave a Reply