Еве какво време нè очекува за продолжениот празничен викенд

Сподели со своите пријатели

Во однос на денес, за претстојниот продолжен викенд по повод 2 Август, нè очекуваат нешто пониски температури.

Loading...

Според Метеопро, максималната температура овие три дена ќе биде релативно иста, со сосема мали промени.

Во повардарскиот крај ќе има вредности од 35 до 37, а во Пелагонија 33 степени. Охридско-преспанскиот регион очекува максимална температура до 31 Целзиусов степен.

Сабота ќе биде релативно сончев ден. Попладне ќе има услови за локален дожд, но повеќе околу планинските региони.

Недела слично време на сабота. Веројатност за локална нестабилност ќе има приквечер, но повеќе во источниот и централниот дел од земајта.

Во понеделник, генерално, сончево време.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.