Какво време не очекува за празничниот викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има услови за појава на слаба магла или заматеност на атмосферата. Температурата ќе достигне од 6 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе имаме сончево и релативно топло време со мала облачност и со умерен јужен ветер. По одделни котлини со појава на слаба утринска магла.

До вторник следува период на стабилно и суво време. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика топење на снежната покривка. Утре ќе биде најсончево, а од недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура во овие места ќе остане пониска.