Какво време нè очекува во наредните неколку дена?

Сподели со своите пријатели

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со локални, но послаби врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има слаби врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, кој на места ќе достигнува брзина околу 60 км/час.

Куманово и околината и денес ќе бидат под влијание на влажниот воздушен бран кој нема да ги прекине дождовите кои скоро без престан паѓаат веќе од четврток. Максималната дневна температура ќе биде во благо опаѓање и ќе изнесува девет, додека минималната три степени целзиусови.

Во наредните неколку денови врнежите нема да престануваат, но ќе бидат со значително помал интензитет за разлика од досегашните.

vreme

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.