Какво време нè очекува на последниот работен ден неделава?

Сподели со своите пријатели

Последниот работен ден неделава ќе измине во сончево претпладне и нестабилно попладне. Нестабилноста, која ќе донесе локален и повремен поинтензивен дожд проследен со засилен ветер и грмежи, пишува порталот за временска прогноза МетеоПро.

Овие процеси се очекува да бидат позастапени во планинскиот дел од истокот, особено околу осоговскиот крај, а исто така и во југозападниот регион. Најмала шанса за врнежи има во централниот повардарски регион, како и во овчеполието.

Ќе биде умерено топло. Максималната вредност на температурата ќе биде во границите од 26°С до 28°С во поголем дел од котлините, а на југоисток околу 31°С.