Какво време нè очекува денес и во деновите од викендот?

Сподели со своите пријатели

Денес во претпладневните часови на места се уште ќе бид со слаб локален дожд, а во текот на денот ќе има намалување на облачноста, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Предпладне ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а попладне ветерот ќе гопромени правецот во северен а во  југозападните делови ќе дува умерен до засилен западен ветер.Највисоката температура денеска ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот може да се очекува претежно облачно време, со кратко разведрување во текот на денот и слаби услови за дожд. Максималната температура во текот на денот ќе се искачи на 16 степени, додека во текот на ноќта минималната ќе изнесува 3 степени целзиусови.

Во сабота ќе преовладува облачно и посвежо со повремен дожд, на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер.

Loading...

Веќе во недела и понеделник ќе преовладува стабилно време, а дневната температура повторно ќе биде во пораст, но понатаму продолжува периодот на променливо време со повремени врнежи  претежно од дожд.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.