Какво време нѐ очекува во наредните неколку дена?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места со повремени врнежи од дожд.

Од недела кон крајот на денот локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Leave a Reply