Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ индксот ќе има многу висока вреднсот со коефициент 9.
Утре ќе биде сончево и топло време, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Во недела попладне и во следните денови повторно ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.
Image by free stock photos from www.picjumbo.com from Pixabay