Какво ќе биде времето за 1ви Мај и Велигден во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

На први мај, односно во среда носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 24 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме променливо облачно време, во комбинација со сонце и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од девет степени во утринските часови до 21 во текот на денот.

 

 

Loading...

Велики петок, носи облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 20 степени целзиусови.

Сабота носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен северен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе достигне до 15 степени целзиусови.

Во недела, на првиот ден од Велигден, ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен ис еверозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 17 степени целзиусови.

Вториот ден од Велигден, во понеделник, ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд, но и услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

 

 

Од вторник следува разведрување и нешто повисоки дневни температури.

Loading...

Никола Ивановски