Какво ќе биде времето викендов?

Сподели со своите пријатели

Утринава и во текот ноќта на повеќе места беше магливо и студено со значителна ниска облачност. Во повисоките подрачја и на планините е ведро.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.

По одделни котлини во поголем дел од денот ќе биде магливо и студено со ниска облачност.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а во местата со магла од -1 до 3 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне 6 степени.

На првиот ден од викендот, сабота, во Куманово ќе имаме ниски облаци и магла, а максималната дневна температура ќе изнесува 5 степени целзиусови.

Недела носи поведро, но и постудено време. Ќе имаме сончево до умерено облачно небо, но температурата ќе биде за два степени пониска од сабота.

Leave a Reply