Какво ќе биде времето оваа недела?

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со снег. Изутринава е умерено до значително облачно, а на североистокот е сончево.

Loading...

Според Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од источен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната температура ќе достигне 11 степени, а утринската два под нулата.

Слично време може да очекуваме и во следните три дена, со температура повисока за неколку степени. Вторник, среда и четврток дневниот максимум ќе изнесува 15 степени.

Нешто потопло ќе биде во петок со 17 степени кога ќе биде сончево. Во сабота еден степен пониска температура, додека недела носи благо заоблачување, но дневниот максимум сепак ќе остане на истото ниво.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply