Какви се шансите да се сретнеме со вонземјани?

Сподели со своите пријатели

Познатиот физичар Брајан Кокс, кого големиот Дејвид Атенборо го нарече свој наследник, во интервју за Би-Би-Си го сподели своето мислење за вонземјаните, вселената, потенцијалниот контакт.

Loading...

И ги разочара сите оние кои се надеваа дека нешто слично е зад аголот …

– Мислам дека нашите шанси да стапиме во контакт со друг интелигентен вид се минимални. Погледнете колку време ни требаше да дојдеме до точка каде што можеме да зборуваме за тоа. Имаме докази дека животот на Земјата постоел пред 3,8 милијарди години, а луѓето се присутни на планетата, ако го гледаме тој период како еден ден, само дел од секунда – започна Кокс и веднаш продолжи:

 

 

– Често ме прашуваат дали верувам во вонземјани. Јас најмногу се задржувам на нашата галаксија и верувам дека ние сме единствените интелигентни суштества таму и дека феномените како луѓето се реткост во универзумот. Ако зборуваме само за живот во вселената, тогаш мора да кажеме дека тој постои. Но, ова се само микроби. Такви работи бараме во вселенските експедиции, а не вонземјани како што замислуваат луѓето – заклучува Кокс.

Инаку, Кокс беше покане да се појави на Би-Би-Си откако членот на американскиот Конгрес, Андре Карсон изјави дека „НЛО-ата претставуваат потенцијална закана за националната безбедност“.

Loading...