Какви плати даваат обложувалниците и казината во Македонија?

Сподели со своите пријатели

Во сите казина и обложувалници, македонските граѓани минатата година оставиле 526,5 милиони евра, а вкупната добивка на сите вакви лиценцирани компании е 37,6 милиони евра, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк

Loading...

Порталот „Пари“ детално со приходи и добивки веќе ги објави финансиските резулатати на 18 највлијателни комании од овој сектор каде што се прави промет од 488,3 милиони евра. Сега, предемет на нашата анализа се платите на вработените во овој сектор. А бројот на вработени не е ни малку за потценување. Таму леб вадат околу 10.000 работници.

Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари. Податоците покажуваат дека во најголемата компанија по промет ПРО-БЕТИНГ Скопје каде влегле 93,7 милиони евра и каде што лани работеле 185 вработни, просечната нето-плата е далеку под просекот и изнесувала 18.354 денари. Но треба да се земе предвид дека и добивката и била скромни 78.000 евра. Исто така, компанијата успела занчително да го зголеми бројот на вработените во однос на 2020 кога имаше многу карантини и кога во просек таму работеле 107 работници. Во 2020 година просечната –нето плата била 16.978 денари.

СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД е најголемиот работодавач. Таму имало поголем просек од републичкиот, односно просечната нето платата била 29.380 денари, што е значителен скок во однос на претходната година кога просекот им бил 23.998 денари. Лани во оваа компанија работеле дури 909 вработени , што е слично на претходната година кога работеле 915 вработени.

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ

КОМПАНИЈА ПРИХОД 2021 (ВО ЕВРА) ДОБИВКА 2021 (ВО ЕВРА) ВРАБОТЕНИ ПРОСЕЧНА ПЛАТА (ВО ДЕНАРИ)
СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД ДОО Скопје 82,8 милиони 2,5 милиони 909 29.380
МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје 21,3 милиони – 720.000 (загуба) 618 27.076
ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје 44,2 милиони 1 милион 606 21.233
СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје 20,7 милиони -2,1 милион (загуба) 579 27.967
МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија 15,8 милиони 564.000 545 29.002
КЛУБ СПОРТ 77 увоз-извоз ДОО Битола 11,5 милиони 460.000 494 19.788
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје 17 милиони 166.000 425 29.192
ЗЛАТНА КОПАЧКА -ЕДЕН ДОО Скопје 36,2 милиони 87.000 377 20.015
ТХЕ-СЛОТС ДОО Скопје 8,7 милиони 267.000 316 17.547
ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО ДОО Богородица Гевгелија 17,7 милиони 955.000 237 17.806

 

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА: ЗА НАС ОСТАНУВА МАЛ ДЕЛ

Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа велат дека кога ќе се сумираат приходи и расходи, за приредувачите останува 10% од кои треба да ги покријат трошоците за инвестициите и да остварат заработка што е основна цел на секој бизнис.

Тие за порталот Пари објаснија што прават со приходите:

– Приредувачите на игри на среќа имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23%, од кои 1,5% одат за потребите на јавното здравство и 1,5% за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20% директно се слеваат во централниот Буџет.

Loading...

– Казината и автомат клубовите дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата.

– Приредувачите на игри на среќа како правни лица плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10%. Плус за секоја поединечно остварена добивка од играње приредувачите имаат обврска да платат 15% данок на истата.

– Приредувачите на игри на среќа плаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос (со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7), за 10 илјади вработени.

– Државниот буџет се полни од приредувачите на игри на среќа и преку оданочување на закупнини на деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги, со кои се подржуваат меѓу 54 до 100 илјади други работни места надвор од секторот игри на среќа.

КАДЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ПЛАТА?

Најголемиот просек е во КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје. Но во оваа компанија има само еден вработен така што тоа е неговата плата и лани била 281.332 денари. Инаку, Државната видеолотарија на РС Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје (ДВЛМ) е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна Лотарија на РСМ и КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАЦИОНАЛ МАКЕДОНИЈА.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kazina-i-oblozuvalnici-kolku-plata-zemaat-tie-sto-delat-sreka/