Каква е излезноста во Куманово, Старо Нагоричане и Липково до 13 часот?

Сподели со своите пријатели

Вкупно 8.176 гласачи од Куманово до 13 часот го оствариле своето право на глас на шестите претседателски избори во земјава, од вкупно 92.839 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 18,83%.

Loading...

Од 167 гласачки места процесирани се 46,76 отсто, заклучно 13 часот.

Излезноста во Старо Нагоричино изнесува 16,88%, односно своето право го оствариле 562 лица од вкупно 3.333 колку што изнесува вкупниот број на гласачи во оваа општина.

Во Липково до 13 часот правото на глас го искористиле 1.376 граѓани, односно 5,43% од вкупниот број на гласачи кој изнесува 25.401.

Липково инаку е меѓу општините со најмала излезност во државата до 13 часот.

На ниво на целата територија на РСМ излезноста е 19,89%.

Leave a Reply