Заклучно 11 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 13,08% од гласачите, односно 10.091 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Loading...
Податоците се базираат на обработени 82,10 отсто од избирачките места, односно 134 места.
Споредено со излезноста во исто време со првиот круг, се бележи повеќе од двојно зголемување бидејќи тогаш до 11 часот своето право на глас го оствариле 5,59% од гласачите.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.
Никола Ивановски