Каква е излезноста до 13 часот во Куманово, Старо Нагоричане и Липково споредбено со првиот круг?

Сподели со своите пријатели

Заклучно 13 часот во Куманово гласачкото право го искористиле 18.94 отсто од граѓаните или вкупно 11.477 лица, што мал пад на излезноста споредбено со првиот круг, кога до истиот период гласале 19,64 отсто.

Loading...

Општина Старо Нагоричане бележи зголемена излезност. Таму во првиот круг излезноста била 16,88 отсто, додека денеска заклучно 10 часот гласале 21,30 отсто од граѓаните.

Поголема излезност се бележи и во Липково. Таму во првиот круг до 13 часот гласале 5,43 отсто од запишаните избирачи, а денеска во истиот период правото на глас го искористиле 8,78% од гласачите.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *