Каков пресврт: За прв пат во Европа се продадени повеќе електрични возила отколку дизели!

Сподели со своите пријатели

Историски резултат е постигнат во последниот месец од минатата година.

Loading...

Во декември, продажбата на електрични возила во Европа достигна пазарен удел од дури 21 процент, постигнувајќи поголем удел од дизелите, дознава Automotive News Europe. А разликата не е мала, туку изнесува дури 2 процентни поени. Во Западна Европа во декември се продадени 176.000 електрични возила, наспроти околу 160.000 дизели.

 

 

Да потсетиме, продажбата на електрични возила минатата година скокна за цели 91 отсто во однос на претходната година, па така во првите три квартали од минатата година беа продадени 801.025 електрични возила. Продажбата на дизел опадна за 26 отсто на околу 2,3 милиони во истиот период. Уште поочигледен скок на интересот за електричните возила беше забележан во последниот квартал во кој само Tesla Motors испорача 309.000 автомобили.

 

Loading...

 

Освен побогатата понуда на електрични возила и подобрата инфраструктура, сосема е сигурно дека значителните стимулации имаат се поголемо влијание врз продажбата. Уделот на дизелот се намалува веќе неколку години, по аферата Дизелгејт, која ја запечати судбината на дизел моторите во автомобилската индустрија.