Од почетокот на конфликтот во Украина минатата година, десетици земји го поддржаа Киев со испраќање воена помош, а меѓу испратените оружја беа и оние што се користат подолго време, но и релативно ново.
И за едните и за другите, конфликтот во Европа беше тест за ефикасноста во услови на модерниот вооружен конфликт.
Според податоците на Институтот за светска економија во Кил, меѓународните партнери ѝ ветиле на Украина повеќе од 80 милијарди евра воена помош.
А колку беше ефективно ова оружје во реални борбени услови, се поставува прашањето во текстот на „Еуроњуз“.
Воениот експерт Цезар Пинтадо смета дека тенковите „Леопард“ и оклопните возила „Бредли“ имале лош почеток.
Недостатоците на некои постари модели на тенкови излегоа на виделина, што покажува дека тие повеќе не вреди да се користат во модерното војување.
Има стручњаци кои сметаат дека немањето соодветна обука е причината поради која оваа западна воена опрема се покажала лошо.
– Доколку француските тенкови беа управувани од добро обучени војници на НАТО, ќе имаше помалку загуби на овие борбени возила во Украина. Не затоа што трупите на НАТО се технички посоодветни за работа со овие тенкови, туку затоа што знаат да ги користат во комбинација со други системи, како артилерија или пешадија – вели Метју Шмит од Универзитетот во Њу Хевен, пренесува RT.
Тој верува дека со текот на времето украинската армија ќе го подобри управувањето со западната воена опрема и оружје, но додава дека ќе биде потребно повеќе од тоа за да успее во војување.
Широката употреба на беспилотни летала е уште една карактеристика на овој конфликт, а според мислењето на Пинтадо тие станаа основен елемент на војувањето, што тој го нарекува револуција – како воведувањето на авијацијата во воените конфликти во Првата светска војна.
Од друга страна, Шмит смета дека беспилотните летала се покажале како неефикасни во Украина.
– Многу позначајна улога одиграа комуникациите и електронското војување – вели Шмит.
Како пример, тој го наведува системот што вооружените сили на Украина го користеле за собирање извештаи од очевидци за движењата на руските војници: украинската војска ги користела постоечките услуги за испраќање поплаки за станбени и комунални проблеми за да ги собере овие информации.
Тој ја нагласува и важноста од прислушување и прекинување на комуникациските системи.
Особено во првите месеци од конфликтот, тоа овозможи да се пресретнат доверливи информации и да се прекине комуникацијата меѓу руските војници, се вели во текстот.
– Во идниот конфликт ќе видиме многу долгорочни иновации. А на руската страна, ќе бидат потребни децении или повеќе за војската да го обнови она што го изгуби во војната. Главната работа е што Русите од оваа војна ќе научат дека нивните системи не се многу добри – смета овој експерт.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.