Како Узбекистан направи револуција на туризмот во време на коронавирусот?

Сподели со своите пријатели

Конструктивната идеја на властите донесе голем број на инфлуенсери и блогери во Узбекистан оваа година.

Loading...

Многу земји ја прикриваа епидемиолошката слика за да привлечат туристи. Болеста е една од работите што не може да се сокрие, па затоа во некои земји неодговорното однесување не се исплатеше.

Сепак, Узбекистан игра со отворени карти оваа сезона. Тие даваат 3.000 долари како парична гаранција за секој турист кој ќе биде заразен со коронавирусот во нивната земја.

Дали тоа е т.н. ковид-гаранција или вид на компензација – суштината е иста и не е важно како некој го разбира таквиот потег.

Важно е дека тие го одржаа својот збор и дека туристите кои се заразија додека патуваа во Централна Азија добија пари.

Претпоставувате дека во оваа дарежлива понуда има нешто меѓу редови – 3.000 американски долари чини третман за коронавирус во болниците во Узбекистан, така што во основа секој што ќе се разболи има платено лекување.

Leave a Reply