Како Украинците ги мамат Русите да ги трошат своите проектили?

Сподели со своите пријатели

Со цел да се одбрани од агресијата на сила како Русија, Украина се сврте и кон некои невообичаени, но лукави методи кои се чини дека даваат резултати.

Loading...

Откако претходно беше објавено дека со пренаменување на евтини цивилни беспилотни летала успеале да погодат некои од руските цели, сега во медиумите се дозна дека Украина наводно користи дрвени мамки на напредни американски ракетни системи со цел да ги измами руските сили и да ги намами да ги испукаат нивните скапи ракети со долг дострел кон лажни цели.

Според „Вашингтон пост“, лажните верзии на системот за ракетни фрлачи обезбедени од САД привлекле најмалку 10 руски крстосувачки ракети „Калибр“, што ја натера Украина дополнително да го зголеми своето производство на копии.

„Кога беспилотните летала забележуваат артилериска единица, тоа е како ВИП цел“, изјави висок украински функционер за Вашингтон пост, мислејќи на руските беспилотни летала кои забележуваат реплики на артилерија со долг дострел и пренесуваат лажни информации за локацијата на украинските сили.

„Вашингтон пост“ објави дека нивниот извештај се заснова на информации што ги добиле во интервјуа со високи американски и украински функционери, како и фотографии од репликите што им биле доставени.

Од почетокот на војната, Русија постојано се фалеше дека уништила многу ракети од американско производство, вклучувајќи ги и ракетните системи со долг дострел Химарс, што САД постојано го негираа.

„Тие тврдеа дека погодиле повеќе системи на Химарс отколку што ние испративме“, изјави еден американски дипломат за Вашингтон пост.