Како Шпанија се бори со топлотниот бран?

Сподели со своите пријатели

Штедење на вода. Сенка. Престој во климатизирани соби. Ова се дел од начините за борба против летните горештини во Шпанија.

Loading...

Со итни мерки властите се обидуваат да ги ослабат ефектите од климатските промени.

Како оди? Приказната ја пренесува Дојче веле.

Топлотен бран во Шпанија

Во текот на јули оваа година, според Министерството за еколошка трансформација (Митеко), во Шпанија се забележани највисоки температури од 1961 година.

Во неколку градови живата во термометарот може да се искачи на повеќе од 44 степени.

Просечната температура се зголемила во периодот од 1981 до 2010 година за 2,7 степени на 25,6 степени целзиусови.

Шпанската ТВ станица RTVE објави дека некои градови во земјата поради тоа воспоставиле таканаречени „климатски заштитени подрачја“, климатизирани зони каде температурата „се спушта“ до 26 степени.

Тоа се, на пример, библиотеки, спортски центри, музеи и училишта. Заштитните простори првенствено беа формирани за помош на стари лица, семејства со мали деца, новороденчиња и хронично болни пациенти.

Loading...

Шумски пожари

Во Европа летово од пожари беа уништени 660.000 хектари земја.

Според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), најголемата уништена површина е токму во Шпанија – 265.000 хектари.

За да ги држи шумските пожари барем малку под контрола следната година, на 1 август, шпанската влада, со декрет, ги обврза автономните заедници да подготват планови за спречување и гаснење пожари за секоја година до 31 октомври.

Уредбата стапи во сила веднаш, што значи дека автономните власти имаат уште нешто помалку од три месеци за детална евиденција, на пример, бројот на противпожарни возила, бројот на пожарникари, видот на опремата со која располагаат или за конкретни изјави за особено ранливите подрачја и очекуваните критични фази во кои ризикот од пожар е особено висок.

За подрачјето најзагрозено од шумски пожари, планинскиот венец Сиера де ла Кулебра во провинцијата Замора во северозападна Шпанија, Министерството за еколошка трансформација (Митеко) веќе ангажираше четири компании кои треба да се занимаваат со пошумување.

Вкупните трошоци на тој проект изнесуваат околу два милиони евра, пренесува Дојче веле.

Водни резерви во Шпанија

Митеко објави дека резервите на вода во Шпанија се на историски ниско ниво, поради долгиот период на суша и екстремни горештини.

Ажурираните информации за ова се објавуваат еднаш месечно, а на 9 август залихите изнесуваат 21.730 метри кубни, што е приближно 39% од вкупниот капацитет.

Loading...

Општините ширум Шпанија и автономните региони, особено Галиција, Каталонија и Андалузија, затоа веќе усвоија одредени мерки насочени кон намалување на потрошувачката на вода.

Меѓу другото, снабдувањето во текот на ноќта е ограничено, тушевите на плажите се исклучени, наводнување на зелените површини, миење автомобили и полнење на базени се забранети.

Покачување на температурата на морето

Средоземното море се претвора во европски Кариби. Според шпанскиот институт за медитеранско истражување на животната средина (Ceam), просечната температура на морската вода во периодот меѓу 1982 и 2021 година се зголемила за 1,32 степени целзиусови.

„Од 80-тите, температурата на морската вода на брегот на Медитеранот се зголеми двојно повеќе од температурата на воздухот“, изјави Хорхе Олчина, шеф на климатската лабораторија на Универзитетот во Аликанте, за весникот „Ел Паис“.

Од 20 јули температурата на морската вода на на шпанскиот медитерански брег се движи помеѓу 28 и 29 степени.

Што е причината?

Олчин вели: „Тополите воздушни маси од Сахара се акумулираат на површината на морската вода и на тој начин се загреваат побрзо и побрзо“. Од 1908 година, температурата на воздухот во Медитеранот е зголемена за 0,7 степени, а температурата на морето за 1,4 степени“.

Една од последиците од ваквиот развој на настаните е што температурите се помалку паѓаат во текот на ноќта, воздухот едноставно не може да го „олади“ свежиот ветар од морето.

Покрај тоа, зголемувањето на температурата на морската вода резултира со зголемен број на бури.

Loading...

Како заштитна мерка, Олчин бара законски корекции за изградба на недвижен имот во близина на брегот.

И туристичката индустрија мора итно да се прилагоди на се поекстремните температури, вели тој.

Во градовите треба да има повеќе сенка, зелени фасади и покриви, додава тој.

Во пролетта 2021 година, шпанскиот парламент го усвои „Законот за климатски промени и енергетска транзиција“.

Со помош на овој закон, Шпанија треба да постигне климатска неутралност до 2050 година.

Меѓу целите е и зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија на 42% до 2030 година, односно „протерување“ на моторите со внатрешно согорување до 2040 година.

Loading...