Како се зближив со еден од најлошите сериски убијци и го натерав на признавање

Сподели со своите пријатели

Стивен Мичод (71) минал месеци затворен во просторија во затворот со еден од најсмртоносните убијци – Тед Банди.

Loading...

Теодор Роберт Банди бил убиец, киднапер, силувач, провалник и некрофил од Вермонт.

Во четиригодишен период од седумдесеттите години, нападнал и убил 30 млади жени и девојки, често лажно преставувајќи се како ивалид, додека одел со штака и барал помош поради проблеми со автомобилот. Меѓутоа, иако бил осуден, тој продлжил да тврди дека не е виновен.

Новинарот и писател Мичод минал шест месеци со него и му рекол дека сака да напише книга за него.

– Тед рече дека со задоволство ќе соработува со мене поради книгата, ако тоа значи нова истрага за случаите против него, реко Мичод во својата книга „Тед Банди – разговорот со убиецот“.

Едне од истражувачите во Америка, Хју Ејнсворт требало да го погледне неговиот случај, а Мичод да го спроведува интерјуто.

Loading...

Банди прифатил, затоа што обожавал публицитет.

– Плус, тој беле толкав нарцис што веројатно себе се сметаше за среќник само затоа што можам да бидам во иста соба со него, рекол Мичод.

Тој се подготвувал за средба со убиецот и од извештаите дознал дека се работи за збунет, енигматичен, артикулиран студент по право кој добро изгледа и израснал во семејство полно со љубов. Од друга страна бил суров убиец кој злоставувал жртви дури и по нивната смрт.

– Кога Банди влезе во просторијата за испрашување имале синџир околу стомакот, лисици на рацете и беше облечен во дукс. Се насмевна и рече: „Здраво, милено ми е што се запознавме, јас сум Тед Банди“, раскажува Мичод.

На почетокот Банди не сакал да зборува, а потоа започнал со долги, забавни приказни од своето детство. Мичод морал да ја промени тактиката, за да го натера Банди да зборува за жртвите.

– Со оглед дека Банди студирал психологија и некое време право, го замолив да зборува за злосторствата за кои е обвинет во трето лице, да делува како експерт. Ми објаси дека откако е одведен на местото на злосторството и испрашан, знаел повеќе од било кој друг. Исто така го пофалив, нарекувајќи го промислен и артикулиран. Гледаше во мене минутка пред да ми каже: „Па, се што можам да направам е да погодувам“. Му реков: „Па погоди“. Го зграби рекордерот и се собра со него на масата. Започна да зборува и зборуваше шест месеци. Всушност, зборуваше се додека тоа веќе не можем да го поднесам, рекол Мичод.

Loading...

Меѓутоа, бидејќи ниокј не зборувал во прво лице, тоа не било признание кое можело да се искористи на суд и внимавал да не каже нешто што само убиецот би го знаел. Сепак, против него веќе имало доволно докази.

– Единствено што го одаваше е што неговото возбудување се гледаше во неговите очи. Очите му беа сини, но кога ќе се возбудеше или вознемиреше, зениците му се зголемуваат и изгледаа црно. Премногу се потеше. Беше толку очигледно дека зборува за себе, а во ретки прилики зборуваше во прво лице. Кога зборуваше за „таа личност“ тој се расправаше за внатрешниот глас кој таа личност го имала, кој го нарекол „ентитет“. Гласот би го натерал да се налути и да се осветува така што ќе лови млаид жени. Мислам дека знаеше дека мислев оти е виновен, рекол Мичод.

Како што рекол, Банди бил досетлив и харизматичен, но вистинскиот Банди го знаеле само жртвите.

– Тед сакаше да се игра со мене. Еднаш ме гледаше во очи и рече: „Мислам дека ти би бил навистина добар сериски. Го имаш тоа во себе“. Работите кои ми ги кажуваше ми преча, но тој ми се отвори, па започнав тоа да го гледам како игра, онаа во која јас победувам, рекол писателот.

Еден од највпечатливите моменти за Мичод бил кога Банди му рекол како се чуствувал додека убивал.

– Се прашував што убиецот чувствувал додекажртвата го вдишувала последниот здив. Тој би рекол: „Ние шпекулираме дека постоело големо чувство на моќ и сексуална напнатост“, раскажува Мичод.

Loading...

– Исто така ја интервуирав и Керол Ен Бун, која станала жена на Тед. Го сретнала на правниот факултет и кога видела дека е приведен на вестите, отрчала да го поддржи. Секогаш тврдела дека е невин. Таа го нарекуваше „зајко“ и ја запроси на суд на денот кога е осуден. Јас всушност помогнав да се организира нивната венчавка, а тие ги подмитуваа стражарите така што Керол можеше да забремени додека беше во затворот.

Како што раскажал Мичод за „Мирор“ таа го обожавала Тед и кога дознала дека сака официјално да признае кога му се ближел датумот за погубувањето, била престрашена и поднела барање за развод.

– Искрено веруваше дека е невин. Таа жена беше под магијата на Банди, рекол тој.

Тој избегал од затворот два пати за време на судењето (за време на една заворкс пауза отишол на убивачки поход во студенскиот дом) и на крајот е осудем на смртна казна откако една негова жртва успеала да избега и да сведочи против него.

Leave a Reply