05.05.2019 07:45

Како се прави највкусното пире компир?


Пире компир на многу трпези е еден од омилените додатоци кој се сервира со ручекот, а совршено оди со месо или гулаш.

Познато е дека за добар пире компир се важни два фактори – видот на компирот и температурата на подготовка.

loading...

Готвачот Тилер Флоренс, од најпознатиот телевизиски канал „Chef’s Food Network“ кој се занимава со храна, тврди дека луѓето го подготвуваат на погрешен начин.

Излупениот и измиен компир треба да се вари во павлака за готвење во која претходно сме растопиле путер.

  • Измијте, излупете и исечкајте го компирот, па додадете го во лонец со павлака за готвење (0,5л).
  • Додадете и 3 лажици маслиново масло и 3 лажици путер.
  • По желба додадете сол, зачини или лук.
  • Поклопете го лонецот и оставете лесно да се крчка околу 20 минути.
  • Исцедете ги компирите, но сочувајте ја водата во која се вареле, и помалку додавајте во садот со компири.
  • Пасирајте ги компирите.

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments