Како се прават холограмските проекции? (видео)

Сподели со своите пријатели

Холографија всушност е техника која овозможува да се фотографира предмет со тоа што еден ласерски зрак ќе се раздели на два посебни. Првиот зрак се одбива од предметот што се фотографира, а тогаш на вториот му се дозволува да се судри со рефлектираната светлина од првиот.

Кога ќе се случи тоа, тие создаваат интерференциски ефект, кој се снима на парче филм. Кога низ таквиот филм ќе помине ласерски зрак, се појавува тродимензионална слика на предметот што бил фотографиран, наречена холограм.

Тродимензионалноста на таквите слики е застрашувачки уверлива, а како тоа се применува во реалноста погледнете самите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.