Како работи албанската мафија – императорот на светското подземје? (фото)

Сподели со своите пријатели

Албанската мафија е една од најозогласените криминални организации на светско ниво и покрај тоа што не е единствена туку е составена од голем број кланови кои перираат или се во соработка едни со други или пак дејствуваат одвоено.

Loading...

Еноставно кажано, поимот „албанска мафија“ се користи за именување на криминални групации кои или постојат во Албанија или некаде ширум светот се составени од Албанци.

Територијата на активност на албанската мафија се протега од Јужна и Северна Америка до Кина, а поради тоа што нејзините криминални сценарија се многу различни и сложени се смета за една од најопасните, ако не и најопасната, затоа што количината на криминалот која генерира преку оваа организација на глобално ниво скоро и да нема конкуренција. Врските меѓу мафијата и политичарите во различни земји се потврдени и во извештаите на „Викиликс“.

Суштинските причини за толкава успешност на албанската мафија лежат во комбинирањето на традиционалните карактеристики со модерните и иновативни елементи.

kriminalci

Конкретно, комбинацијата на ригидна интерна дисциплина, кланска структура и ендогамската (брак во внатрешноста на клановите) затвореност, ја намалува можноста на полициска пентерација врз нивната организација додека воедно се зголемува довербата и солидарноста меѓу членовите од една страна, а од друга страна ефектот на транснационалните елементи, технологијата, комерцијализацијата и новите криминогени култури на услуги.

Способноста на албанската мафија да организира масивна логистичка подршка било каде и било кога, заедно со синкретична природна на нивниот криминал, довело до тоа не само да излезат од рамките на својата држава, туку да се интегрираат во локалните подземја со што обилно експлоатираат бизнис шанси во сите земји.

Како, всушност изгледа структурата на албанската мафија?

Loading...

Tan2015-10-8_134649656_1-670x446

Беспотребно е да се нагласува дека оваа криминална организација е хиреархиска, но би требало да се каже дека во таа вертикална структура постојат четири до шест различни нивоа.

Кланот, односно т.н. „фис“ го предводи комитет кој се нарекува „барјак“. Барјакот ибира челници на сите единици задужени за конкретни работи или територии: тој челник се нарекува „крје“. Крјето бира свој заменик кој се нарекува „крјетар“ кој потоа бира пријател т.е. „мик“ кој делува како врска измеѓу него и обичните „војници“ и е одговорен за координација на сите активности на единицата за која е задолжен.

Некои кланови имаат додатни нивоа, но генерално, ваквата структура им овозможува да ја зачуваат способноста за дејствување во бизнисите и правањето пари. Дури и доколку некој биде уапсен, да се дојде до оние кои седат во барјакот е практично невозможна мисија.

Членството меѓусебно е длабоко поврзано. Довербата, честа и семејството се клучните зборови. „Беса“, што на албански јазик значи „доверба, чесен збор“ претставува темелен принцип на нивната мафија, а за време на регрутацијата свечено се заколнуваат на верност, т.е. давањето „беса“ е задолжително.

profimedia-0042508034-670x446-670x446

„Беса“, како што е општо познато има голема важноста во албанската култура. Генерално оној кој ти ја дава „бесата“ исто е како да ти го дава животот, тој е подготвен со својот да го штити твојот живот.

Крвното сродство и браковите играат пресудна улога во формирањето на клановите и групите (кои често бројат и повеќе илјади луѓе низ целиот свет) во него. Поради тоа крвно сродство, не само што бројот на кланови е ограничен, туку во него скоро е невозможно да се продре. Странците, кога ќе им биде дозволено нешто да направат за албанската мафија, го прават тоа само еднаш или вршат второстепена работа.

Loading...

Семејната структура се карактеризира и со силна внатрешна дисциплина кој се постигнува со жестоки и болни казнувања на секој кој ќе ги пркерши правилата.

Тоа доведува до страв кај останатите и спречува повторување на непосакуваните однесувања. Правилата, наградите и казните де факто доведуваат до тоа законите во државата во која човекот живее да се третираат како нешто секундарно, па дури и небитно, без разлика дали таа држава е Албанија.

Извор: телеграф.рс

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.