Како промената на часовникот влијае врз нас? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ноќва не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот, барем на ѕидниот, оти за разлика од дигиталните и паметните, тие нема да се променат сами. Така ноќва во 2 часот, времето ќе се помести за еден час напред.

Loading...

Но, како тоа влијае врз нас?

 

 

Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се обидуваат да докажат дека таа промена веќе не е корисна. Сега, за да го докажат својот став и се свртеле на науката.

На една конференција во Брисел, професори од меѓународни универзитети, изнеле заклучоци дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, претставува значаен здравствен ризик и многу ја чини економијата.

Научниците настојуваат да докажат дека промената на времето има „драматични ефекти“ на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник.

Loading...

Како што се наведува, на децата и повозрасните им се потребни недели за да се навикнат на таа промена. Истовремено во тоа време се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации после хируршки интервенции.

Покрај штетното влијание по здравјето на луѓето, страда и економијата. Експертите сметаат дека промената на времето два пати годишно ја чини ЕУ 300 милијарди евра.

Турција инаку одлучи да не го поместува веќе часовникот и во текот на зимата тие се на летно сметање на времето. И Русија, Кина, Индија, дел од Јужна Америка и Јужноафриканската Република никогаш не ги поместуваат стрелките на часовникот. Овие држави секогаш го следат зимското сметање на времето.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983-та година. Од 1996-та година, летното сметање е регулирано и со закон.