Уметноста за мерење на времето постоело уште пред да се направи првиот часовник. Всушност, денешните временски мерки датираат уште од тие антички времиња. Поделбата на денот на 24 дела,настанала се претпоставува, од старите сумери. Не е јасно зошто точно бројот 24, иако постојат неколку теории што тоа го објаснуваат.
Една од поинтересните е анатомијата на човечката рака: ако го свиткате палецот и погледнете внатре во раката, ќе забележите дека секој од вашите четири испружени прсти е поделен на три дела, така што имате дванаесет еднакви делови .Според оваа теорија, тоа го олеснувало броењето на часовите во текот на денот, па денот бил поделен на 12 дела.
Најстариот пронајден сончев часовник бил користен во Египет, пред околу 3500 години, иако се претпоставува дека човекот можел да го измери времето и пред тоа. Во античка Грција, се верува дека првиот часовник го направил Анаксимандер Милетски, околу 560 година п.н.е.
Од античките Грци, сончевиот часовник е преземен од Римјаните во 293 година п.н.е., кога еден од нив бил изграден во Рим. Во средниот век, должината на часовите и деновите не била апсолутна, бидејќи од зори до зајдисонце, секогаш поминувале дванаесет часа, без оглед на годишното време.
Првиот механички часовник бил направен во 10 век од монахот Герберт (947–1003). Во германската хроника од 997 година, владиката Титмар вели дека Херберт градел часовници во Магдебург, и тоа било многу добро, затоа што ги набјудувал ѕвездите според кои морнарите се водени на своите патувања. Сепак, часовникот на Херберт морало да се прилагодува на секои неколку часа.
Механичките часовници влегле во поширока употреба само неколку векови подоцна, а во 14 век, денешната временска скала станала општо прифатена.
Во тоа време бил изграден првиот астрономски часовник, изграден од Џовани де Донди во 1364 година. Неговиот астрариум содржел вечен календар и го покажувал движењето на Сонцето, Месечината и планетите. Не е познато колку бил точен, но се претпоставува дека се прилагодувал секој ден.
Првиот часовник со нишало бил конструиран од холандскиот физичар Кристијан Хајгенс во 17 век. Тој ја пресметал должината на нишалото точно врз основа на математичка формула.
Денес, атомските часовници се сметаат за најточни.
Првиот бил направен во 1949 година во Националното биро за стандарди на САД, меѓутоа, не може да се каже дека тој навистина бил точен.
Само атомскиот часовник базиран на промените на атомот цезиум-133, што го направил Луис Есен во Националната физичка лабораторија во Велика Британија во 1955 година, се смета за навистина прецизен.