Како помина првата вечер без полициски час во Куманово? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По скоро два и пол месеци, граѓаните на Куманово, како и останатиот дел на државата, имаа можност прв пат да излезат во доцните вечерни часови, откако Владата го укина полицискиот час.

Мирно, без поголеми групирања помина првата вечер без полициски час во Куманово, а нашата екипа помина 10 километри пеш низ кумановските улици и местата каде претежно се собираат помладите.

Loading...

 

 

Нашето пешачење околу 22 часот го започнавме од Градскиот кеј. Добар дел од шеталиштето беше буквално празно, па првата реакција ни беше многу изненадувачка, ако се земат предвид сликите од периодот кога имавме ограничено движење, пред почетокот на полицискиот час тука имаше вистинска врвулица од луѓе.

 

 

Веќе кон вториот дел од Градскиот кеј ги забележавме првите луѓе. Немаше големи групирања, по два-тројца на клупа, или по неколку млади на игралиштата на крајот на патеката. Од сите што ги сретнавме, маски носеа само две лица.

Loading...

 

 

Оттука продолживме кон „Паркот на пријателите“ пред градските базени. Таму сликата веќе беше поинаква. Сите клупи беа зафатени, можеа да се забележат одредени групирања, сите видно расположени за шега и муабет.

 

 

Избегнувавме фотографирање одблизу затоа што голем дел од нив беа малолетни. Секако и тука маска никој не носеше.

 

Loading...

 

Потоа продолживме кон централното градско подарчје. Забележливо беше мало присуство на автомобили низ улиците, освен булеварот „Октомвриска револуција“. Сите дуќани по улицата „Моша Пијаде“ беа затворени. Тишината ја нарушуваше само по некое дивеење со автомобил.

Стигнавме до плоштадот „Маршал Тито“. Таму помали групирања имаше само на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Оттука продолживме кон плоштадот „Нова Југославија“, каде веќе имаше повеќе луѓе. По реакциите на социјалните мрежи од моментот кога беше донесена одлуката за укинување на полицискиот час, очекувавме таму да најдеме вистински хаос. Сепак атмосферата беше сосема поинаква. По два-тројца, претежно млади луѓе, седеа на клупите околу тревникот и тивко муабетеа, без алкохол, без поголема врева.

 

Loading...

 

Направивме неколку кругови низ главните улиците во градот, но немаше никакви нарушувања на јавен ред и мир, ниту пак дивеење по улиците со возила. Дел од угостителските објекти веќе делуваа подготвени за денешното отворање, дел ги правеа последните подготовки.

 

 

Loading...

Се упативме кон паркот „Соколана“, каде имаше и најмногу луѓе. И покрај вревата која доаѓаше од паркот и таму немаше особено големи групирања или инциденти, барем не во моментот кога ние бевме таму.

 

 

Она што беше впечатливо е дека апсолутно никој не носеше заштитна маска, растојанието од два метри не се почитуваше, но мора да се напомене и дека немаше големи групирања. Не работеа дури ни голем дел од бурекџилниците и пекарниците, а затворени беа и најголем дел од маркетите.

Loading...

 

 

Во десетте километри кои ги минавме пеш апсолутно никаде не забележавме полиција, освен една екипа која интервенираше на помала сообраќајна незгода.

 

Loading...

 

Генерално кумановци беа мирни и дисциплинирани во првата вечер со слободно движење по скоро три месеци полициски час, што е секако за пофалба, но да не забораваме сепак дека вирусот е тука и дека треба да ги носиме и маските.

 

 

Loading...

Текст/фото: Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *