Како пицата од храна за сиромашни станала најпопуларно јадење? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако никој не може со сигурност да каже кога е направена точно пицата, се верува дека првата е направена на Медитеранот, каде што многу народи како Грци, Римјани и Феничани јаделе тенко истегнато печено тесто полнето со масло, лук и зачини.

Loading...

 

 

Важна пресвртница во историскиот развој на пицата се случила при пристигнувањето на доматите во Европа од Јужна Америка во 1522 година. Доматите со години се сметале за токсични и се користеле како украс во градините. Сепак, гладот ​​и сиромаштијата ги принудиле луѓето од Неапол да го додадат во тестото и настанала првата пица слична на денешната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во САД навистина постоела банкнота од 100.000 долари. Ова е приказната зад неа (ВИДЕО)

Во Италија, некои пекарници користеле тенко тесто за да ја проверат температурата на нивните печки. За да не го фрлат тестото, тие го дистрибуирале на сиромашното население, кое ги оставало остатоците, претежно зеленчук и зачини.

Во текот на 17 и 18 век, со пица се хранеле сиромашните неаполски семејства и се продавала на отворени штандови.

Во 18 век, започнало додавање на моцарела во пица. Гласината за специјалитетот во неапол се слушала толку широко, што луѓето доаѓале во градот да го пробаат „јадењето на селаните“, подготвено од мајсторите за пица, т.н. пицаоли.

Loading...

Кога кралицата Маргарита Савој со нејзиниот сопруг Умберто Први го посетила Неапол во 1889 година, таа го замоли тогашниот најпопуларен пица мајстор Рафаел Еспозито да подготви специјалитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како часовите по емпатија ја менуваат иднината на младите во Данска? (ВИДЕО)

За да ги импресионира и да го покаже својот патриотски дух, тој решил да ја збогати пицата со храна во боите на Италија: домати, бела моцарела и босилек.

Овој гест го воодушевил кралскиот пар, а оваа пица била именувана како „Маргарита“ во чест на кралицата. Дури и денес, таа е најпопуларна пица во светот.