Рејнисфјара е светски позната плажа со црн песок лоцирана на јужниот брег на Исланд во близина на малото, шармантно рибарско село Вик. Има и огромни базалтни столбови кои го прават уште поспецијален.
Оваа плажа многумина ја сметаат за најубав пример на исландска плажа со црн песок. Во 1991 година, National Geographic го рангираше Рејнисфјар меѓу првите 10 најдобри нетропски плажи во светот за посета. Таа се појави и во 7-та сезона на серијата „Игра на тронови“.
View this post on Instagram
Од главниот град Рејкјавик е оддалечен околу 180 километри.
Според локалниот фолклор, огромните карпи познати како Рејнисдрангар некогаш биле тролови кои се обидувале да извлечат бродови од океанот до брегот ноќе. Меѓутоа, во една прилика излегле предоцна, па биле ’фатени’ до зори, осветлени и претворени во цврст камен.
Друга легенда споменува човек чија сопруга била киднапирана и убиена од двајца трола. Мажот ги следел троловите до Рејнисфјара каде ги замрзнал, за да не наштети никому, пренесува порталот guidetoiceland.is.
View this post on Instagram
Инаку, овие карпи се дом на илјадници морски птици кои се гнездат таму, па оваа локација е популарна меѓу луѓето кои уживаат да гледаат и проучуваат птици.